Денеска од 17:30 часот ќе настапи вториот наш преставник во Лигата на шампионите, битолски Еурофарм Работник кој на домашен терен во Битола во салата ,,Боро Чурлевски” ќе дебитира во најелитното клупско ракометно натпреварување. Еурофарм ја бара првата историска победа, а помош ќе добие и од преполното гледалиште во текот на натпреварот.



