Саемот за слатки ИСМ кој се одржа во Келн е најголем саем на оваа индустриска гранка во светот.
Годинава на саемот за слатки во Келн на едно место се собраа 1.660 излагачи од повеќе од 70 земји, меѓу кои свое место најдоа и седум компании од Македонија. За фирмите од Македонија саемот е голема шанса, но и можност да се задржат работниците во земјата.



