Ракометарите на Вардар со победа во Нови Сад против Војводина со 26-23 ја започнаа ја започнаа 2019 година во СЕХА лигата, иако на полувремето домаќините имаа гол предност (14-13).
Со 12-тата победа Вардар дојде на првото место на табелата со 36 бодови, три повеќе од хрватските претставници Нексе и ППД Загреб кој во сабота му гостува во Скопје кај Металург. наредниот дуел на Вардар е во Лигата на шампионите, во Германија кај Рајн Некар Левен тимот за кој настапува нашиот Филип Талески на 6 февруари.
Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста.
Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.