Фитнес центар за жени Форма Вита од Струга како главен приоритет во календарот на работа ги нуди токму тренинзите во група
Многумина би ги интересирало кои се поволностите од вежбањето во група?
Мими од Форма Вита ви ги споделува искуствата и придобивките од часовите за вежбање во група
МОТИВАЦИЈА И ЛЕСНО ПРИЛАГОДУВАЊЕ
Нормално е кога некој за прв пат пристапува во вежбалната да чувствува доза на несигурност и потреба од стручна помош. Некој ги знае своите цели, но не знае кои вежби треба да ги вежба. Друг едноставно не знае како треба да се вежбаат вежбите.
Без разлика дали сте почетник или имате основно фитнес искуство, групните активности можат да бидат одлично решение за вас.
Со фитнес инструктор кој е присутен и со цела група, часот и вежбањето е секогаш полесно и ефективно.
Позитивнта енергија која мора да биде прв извор од тренерот која се пренесува на цела група и допринесува за секој да се почувствува среќно, задовлно и исполнето уште од првиот тренинг
СЕКОГАШ ИСПЛАНИРАН ЧАС
Секој тренинг е предходно смислен и организиран од фитнес тренер .
Тука има загреванње, главен дел на тренингот и истегнување.
Часовите се така осмислени за правилно да ви помогнат да го подготвите телото за вежбање, како и на крај на часот да ги опуштите мускулите.
ГРУПНИТЕ АКТИВНОСТИ СЕ ЗАБАВНИ
Една од важните причини зошто да се приклучите во групни активности е едноставна: Забава со вежбање! Со музика во позадина, вежбање со другите во заеднички ритам, споделување на успесите и резултатите внесуваат посебна позитивна атмосфера.
СЕКОГАШ ИМАШ ТРЕНЕР
Многу важна придобивка од групните активности е што секогаш имате тренер кој ве води во вежбањето. Добриот тренер ќе ве насочи на полесни движења доколку сте почетник. Тренерот сите заедно ве учи како правилно да ги изведувате вежбите, што е многу важно за башиот понатамошен успех. Тренерот повторно ќе ве корегира и ќе го прати вашето движење.
Тренерот ќе биде вашиот пример и важен сегмент во постигнувањето на вашите фитнес цели во вежбање во група.
ПОЗИТИВНА ЕНЕРГИЈА
Денешниот современ човек живее под голем притисок, каде што луѓето се натрупуваат со разновидни стресови кои волно или неволно се натрупуваат во телото на човекот.
Групните активности и позитивната енергија се голем и клучен фактор за сечија промена. Физичката активност сама по себе носи големи позитивни ефекти на телото и на здравјето на секој човек. Вежбањето во група дава посебна позитивна енергија која е многу важен фактор за подобрување на секоја напнатост на организмот.



