Во рамките на третата рунда од ФА Купот, Кристал Палас на домашен терен ја дочека екипата на Дерби Каунти. Овој дуел е прв меѓусебен дуел после речиси седум години. Разликата помеѓу двете екипи е голема, а освен разликата во дивизиите, присутна е и разликата во вредноста на играчите. Имено, играчите на Кристал Палас вредат вкупно 222,5 милиони евра, а играчите на Дерби „само” 61,25 милиони евра. Сепак, на теренот, второлигашите „покажаа заби” и поведоа во 32. минута со голот на Крис Мартин. Во продолжение, напаѓаа домаќините, а Дерби испушти неколку добри шанси. Кристал Палас остана со играч помалку откако во 63. минута, црвен картон доби капитенот Лука Миливојевиќ откако влезе во дуел со Том Хадлстон.
До крајот на натпреварот немаше промени, а падна и темпото на натпреварот, па крајниот резултат изнесуваше 0-1 во корист на „Овните” од Мидлендс.
Резултати од другите денешни натпревари од ФА Купот:.
Бристол Роверс 2-2 Ковентри
Бартон 2-4 Нортемптон
Чарлтон 0-1 ВБА
Челзи 2-0 Нотингем
Кру Александра 1-3 Барнсли
Мидлсброу 1-1 Тотенхем
КПР 5-1 Свонси
Шефилд Јунајтед 2-1 Фајлд
Ливерпул – Евертон (денес во 17:01)
Џилингем – Вест Хем (денес во 19:16)



