Екипата на Њукасл под водство на новиот тренер – Стив Брус, ја забележа првата победа, а воедно ги освои и првите поени во новата сезона.
Прва „жртва” на црно-белите беше Тотенхем. Избраниците на Маурисио Покетино беа поразени на домашен терен со 0-1.
Стрелец на победоносниот погодок за Њукасл беше клупското рекордно појачување – Жоелинтон, во 27. минута.



