Од петок па се до недела на лизгалиштето при А1 Арена Борис Трајковски ќе се одржи седмото издание на традиционалниот турнир во хокеј на мраз „Скопје Ајс Фестивал“.
На лизгалиштето при А1 Арена Борис Трајковски учество ќе земат екипите на ХК Вардар-Скопје, тимот “Македонија Јуниори” , Торпедо Букурешт (Романија) и меѓународниот тим, „Тим Интернешнл“.
Во неговиот состав ќе се најдат играчи од цела Европа како и од Северна Америка кои се љубители на хокејот и воедно сакат да го посетат нашиот главен град. Играчите беа повикани преку јавен повик, и така за прв пат на турнирот ќе учествува екипа која е создадена од играчи од различни држави и континенти, додека екипата на Торпедо од Букурешт веќе трета година по ред гостува на Скопје Ајс Фестивал.
Во неговиот состав ќе се најдат играчи од цела Европа како и од Северна Америка кои се љубители на хокејот и воедно сакат да го посетат нашиот главен град. Играчите беа повикани преку јавен повик, и така за прв пат на турнирот ќе учествува екипа која е создадена од играчи од различни држави и континенти, додека екипата на Торпедо од Букурешт веќе трета година по ред гостува на Скопје Ајс Фестивал.Традиционалниот турнир се отвора денес 13ти декември 2019 година (петок) со почеток од 18:30 часот.



