Овој викенд, ски скокачите се натпреваруваат на далечниот исток. Домаќин на натпреварувањето е легендарната скокалница „Окурајама” во Сапоро којашто се наоѓа во Јапонија на островот Хокаидо.
На денешните квалификации најмногу поени собра домашниот натпреварувач Рјоју Кобајаши. Актуелниот шампион беше подобар од второпласираниот Штефан Крафт за 0,4 поени. Останатите натпреварувачи имаа резултатски заостаток поголем од четиринаесет поени. Третото место му припадна на водечкиот во генералниот пласман – Карл Гајгер. Петер Превц заврши како четвртопласиран, а петтата позиција ја поделија Микаел Хајбок и Давид Кубацки. Во првите десет завршија Тими Зајц, Кеичи Сато, Домен Превц и Роман Куделка.



