Во четвртото коло од ЦЕВ Лигата на шампиони, во групата А, се соочија Фенербахче и Трентино. Фенербахче ја продолжи својата серија без победа во ова натпреварување со поразот од 1-3. По сетови резултатот изнесуваше 25-17, 22-25, 27-29, 20-25. Трентино со оваа победа остана на второто место во групата и изби на врвот во поредокот за најдобрите второпласирани тимови. Најнеобичниот момент на мечот се случи во средината на првиот сет кога коректорот на Трентино и поранешниот играч на Перуџа, Арон Расел, постигна поен со глава.



