Вчерашните квалификации во Енгелберг, поради силниот ветар, беа одложени за денес. Најдобро на квалификациите се покажа Крафт кој славеше пред Штох, Гајгер, Лаје и Рјоју Кобајаши. Од неочекуваните резултати, вреди да се напомене дека и двајцата Казахстанци – Муминов и Ткаченко, се пласираа во првата серија завземајќи ги 46. и 48. позиција. Негативно се покажа Анже Семенич кој на неславен начин ги заврши квалификациите и своето денешно издание.
На официјалното натпреварување славеше Камил Штох. Полјакот дојде до својата прва победа сезонава, а зад себе ги остави Крафт и Гајгер. Рјоју Кобајаши беше четврти, а од првите петмина на квалификациите, потфрли само Лаје кој заврши на 19. позиција. Двајцата браќа Превц завршија на 12. и 13. место.
„Ова беше навистина добро натпреварување. Мислам дека усовите беа одлични. Ветерот беше стабилен, а скокалницата добро подготвена. Уживав во скокањето денес.” – се огласи Штох за ФИС Ски.



