Капитенот на Кристал Палас – Лука Миливојевиќ, слободно може да се каже дека е синоним за константност. Имено, од декември 2017 година па сè до сега, ги има изиграно сите минути од сите натпревари освен еднаш кога беше суспендиран. Тој е единствениот играч од Премиер Лигата што може да се пофали со вакво достигнување !
Откако Рој Хоџсон ја превзема тренерската палка на Палас (12. септември 2017), Миливојевиќ пропушти само 159 минути игра од вкупните 6930 !
Миливојевиќ е член на Кристал Палас од 31. јануари 2017 и за клубот од „Селхурст Парк” има забележано 93 настапи и 24 гола.



