После сензационалната елиминација на Севилја од тимот на Славија Прага со гол во 119 минута во рамките на нокаут фазата од Лига Европа, андалузискиот клуб реши веднаш да реагира и да го отпушти првиот тренер Пабло Машин од фукцијата.
Машин дојде во Севилја во 2018 година од Џирона каде имаше одлични резултати и тогаш потпиша двегодишен договор. Како алтернативно решение до крајот на сезоната клубот ќе го предводи спортскиот директор Жоакин Капарош, а негови асистенти ќе бидат Карлос Марчена и Пако Гаљардо.
Капарош ќе седне на клупата за утрешниот првенствен гостински дуел против Еспањол, инаку и мината сезона Капарош имаше исто вакво искуство, кога го замени отпуштениот италијански тренер Винченцо Монтела поради лоши резултати.



