Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант во разговор со американските медиуми зборуваше за можноста неговиот екс клуб Лос Анџелес Лејкерс да го ангажира Ентони Дејвис. ,,Езерџиите” биле спремни да ги понудат Кајл Кузма, Брендон Инграм и Лонз Бол за Ентони Дејвис кој за Брајант е правилен потег од страна на клубот.
,,Би рекол “не” кога би ме прашале дали доаѓањето на Дејвис во Лејкерс би значело пореметување на франшизата. Кузма, Бол и Инграм се млади кошаркари. На другото прашање дали тројцата заедно се подобри од Дејвис? Не, не, не. Чао довидување. Ентони Дејвис е еден од најдобрите кошаркари на светот, не само сега туку во историјата. Ако има можност да го ангажирате веднаш тоа да го направите, ако не сте во можност, Ок, имаме тројца млади кошаркари кои ќе работаат напорно. Тие се интелегентни и мора да се развиваат” – изјави Коби Брајант.



