Младиот англичанец во дресот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо оваа сезона во дресот на ,,Милионерите” има учинок од 12 погодоци и 13 асистенции во 24 одиграни натпревари.
Санчо се очекува да се врати во англискиот фудбал веќе во зимскиот преоден рок во најсилната Премиер лига, а три тима се заинтересирани за неговите услуги и тоа: Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул. Засега најконкретно делуваат сините од Лондон и нивниот менаџер Френк Лампард кој во наредникот период ќе испрати понуда од 120 милиони евра до германскиот бундеслигаш.



