Искусниот швеѓанец, Златан Ибрахимовиќ се поврзува со голем број на клубови, а први кои покажаа интерес, се италијанските клубови: Милан, Болоња, Наполи, па дури и третолигашот Монца каде се и Берлускони и Галијани поранешните челници на Милан. Најконкретна се чини понуда ќе пристигне од Евертон од ,,Гудисон Парк”, каде на клупата на ,,Карамелите” седна италијанецот Карло Анчелоти.



