Се поголемиот интерес меѓу децата и нивните родители за вклучување во нашита школа е резултат на успехот што го постигнуваме, каде децата од сите возрасти во текот на школската година тренираат и ги учат тајните на ракометот. „Нашата цел е да привлечеме повеќе деца во школите, да ги научиме на основите на ракометот, со нив се работи и на физичка подготовка со надеж дека сме ги поставиле темелите за правилен спортски развој на децата. Кога се работи со најмалите за секој тренинг треба да се осмисли нешто ново за да им се задржи интересот и да го засакаат ракометот. Децата низ игра и забава учат да се дружат, градат тимски дух и учат ракомет”, велат Борис Џутески и Катерина Стојаноска. Новите термини за тренинзи во салата ИБ Фитнес Центар се во вторник и петок од 18 часот до 19.00 часот.




