Дека Струга е неосвоив терен за противничките кошаркарки кои гостуваат во салата ,,Нико Нестор” покажа и денешниот првенствен натпревар во конкуренција на М-18 каде што ЖКК Струга 2009 дојде до победа над ЖКК Пробаскет од Пробиштип со резултат од 68:48 по четвртини (09:07, 23:09, 15:13 и 21:19).
Струшките кошаркарки имаа контрола врз резултатот и ги добија сите четири четвртини и затоа крајните +20 се очекуван епилог од оваа средба. Листа на стрелци ЖКК Струга 2009: Чочороска беше најефикасна во домашниот состав со 18 поени, А. Белеска 9, Чолакоска 8, Бицеска 8, Модева 6, Велјаноска 5, Укоска 5, Филоска 4, Хани 2, Зенку 2 и Попоска постигна еден поен. Во гостинската екипа од Прибиштип најефикасна заврши воедно и на целиот натпревар Панова со 22 поени.
Пред првенствениот натпревар како предигра во ревијален меч се сретнаа генерациите на млади талентирани кошаркарки 2006/2007 помеѓу истоимените екипи на ЖКК Струга и ЖКК Пробаскет. Галерија од малите кошаркарки:



