На ,,Ештон Гејт” екипата на Бристол Сити го угости Мидлсброу и ни пружи одлична фудбалска претстава.
Најпрво поведе домаќинот пред крајот на првиот дел со голот на Кејси Палмер.
Во продолжение следуваше целосен пресврт, а главен протагонист беше дефанзивецот на Бристол Сити – Тејлор Мур кој најпрво постигна автогол во 64. минута, а само четири минути подоцна направи грешка и му овозможи на Асумбалонга да го претвори резултатот во 1-2 во корист на Мидлсброу.
Томи Роув во 81. минута постигна уште еден гол со глава и го постави конечниот резултат од 2-2.



