Тимот на Брентфорд стигна до првата победа на својот „Грифин Парк” во оваа сезона откако целосно го надигра Дерби Каунти и победи со 3-0.
Претходно, Брентфорд имаше само една победа против Мидлсброу на гости од 0-1 и во првите пет кола постигна само два гола. Најпрво, во 16. минута преку Мбеумо, Брентфорд стигна до предност од 1-0, а само две минути подоцна истиот играч му асистираше на Оли Воткинс за 2-0. Во последната минута од првото полувреме Воткинс го постигна и својот втор погодок на мечот, а четврти во сезоната и го постави конечниот резултат од 3-0.
Во наредното коло, Брентфорд ќе гостува кај Престон, а Дерби ќе го пречека Кардиф.



