Премиерлигашот Фулам по трет пат оваа сезона ќе го менува тренерот и на Клаудио Раниери на клупата ќе го наследи познатото фудбалско име во Англија, Скот Паркер. Паркер во минатото го носеше дресот на Чарлтон, Норич, Челзи, Њукасл, Вест Хем, Тотенхем , но и на Фулам.
До крај на сезоната 38-годишниот Паркер ќе има тешка задача да го избори опстанокот на екипата во лигата, а пред него тоа не им успеа ниту на Јокановиќ и Раниери кои имаа лоши резултати. За Скот Паркер ова е прво искуство како менаџер на премиерлигашки тим во Англија.



