Зинедин Зидан е моментално најбараниот тренер во Европа, потврдуваат поедини шпански и италијански медиуми. Францускиот стручњак го посакуваат многу познати и богати клубови, вклучувајќи ги ПСЖ, Реал Мадрид, Јувентус, Челзи и многу други.
По елиминацијата на Пари Сен Жермен од Лигата на шампионите од Манчестер Јунајтед, челниците на парижаните посакуваат токму Зидан да ја преземе клупата на ,,Светците”. Челзи го посакуваше уште пред еден месец на местото на Маурицио Сари.
Зидан во тој момент поставил, одредени услови кои не биле исполнети и до договор не дојде. Едни медиуми кои ја подгреваат надежта дека Зидан би бил нов менаџер во Челзи, друга опција отвараат италијанските медиуми кои го поврзуваат со преземање на клупата на Јувентус. ,,Старата дама” посакува да ја освои Лигата на шампионите , а тоа може да го направи само со Зинедин Зидан.
И како последна опција шпанските медиуми пишуваат дека французинот би се вратил на клупата на Реал Мадрид. Зидан на крајот на минатата сезона изненадувачки ја напушти клупата на ,,кралевите”, откако ја освои третата по ред титула во Лигата на шампиони. До крајот на летото остануваат уште многу понуди на негова адреса за која ќе се одлучи му останува доволно време за размислување.



