Дваесеттото коло од Премиер Лигата го отворија екипите на Брајтон и Барнмут кои се соочија на „Амекс Стадиум” пред 30 441 гледачи. Брајтон одлично го отвори натореварот откако поведе уште во третата минута преку Јаханбахш кој го постигна првиот гол за Брајтон после 21 лигашки натпревар. Во 58. минута уште еден играч го постигна својот првенец за Брајтон. Станува збор за дефанзивецот Ден Барн, но неговиот гол беше поништен откако ВАР утврди дека бил во офсајд за „најмалaтa можна разлика”. Во 79. минута, Брајтон ја осигура својата победа преку Арон Моои кој исто така го постигна првиот гол за Брајтон откако летово пристигна на југот како позајмен играч од редовите на Хадерсфилд.
Во последните девет натпревари, Барнмут освои само четири поени и тоа после дуелите со Челзи и Арсенал. Брајтон, исто така, беше во слична серија со освоени пет поени од осум натпревари, но оваа победа значително му помогна на тимот во борбата за опстанок.



