Претстојниот викенд во Струга на стадионот на ,,Караорман” во рамките на Втората лига – Запад се одигра првенствен меч помеѓу Лабуништа и Тетекс од Тетово, а крајниот резултат гласи 0:0. По завршувањето на натпреварот ,,Текстилците” поднесоа жалба врз основа на тоа дека домашниот тим не настапил во тимот со играч кој е под 19 години како што наложуваат правилата и прописите на ФФМ.
Натпреварувачката комисија ја уважи жалбата и натпреварот го регистрира со службена победа за гостите од 0:3. Исто така Лабуништа е предадена на дисциплинска комисија која може клубот да го казни со одземање од 3 до 9 бодови. Ваквиот аматерски пристап може клубот да го чини да не ги оствари амбициите кои ги има испланирано за оваа натпреварувачка сезона.



