Најтрофејниот клуб во Словенија, кој има 17 шампионски титули и 20 куп-пехари, тимот на Олимпија Љубјана од следната сезона ќе настапува во АБА 2 лигата затоа што во директниот дуел против Крка од Ново Место, во словенската пресметка загуби со резултат од 62:59 и со тоа го заврши настапот во ова натпреварување. Тимот на Задар преку квалификации ќе се обиде да опстане во најсилното друштво во АБА Јадранската лига против финалистите од плеј-офот во АБА2 лигата.



