Се изврши во Шпанија ждрепката за Копа Дел Реј. Во полуфиналето ќе се судрат вечните ривали Реал Мадрид и Барселона. Победникот од ,,Ел Класико” во финалето ќе го чека победникот од второто полуфинале во кој ќе играат меѓу себе Реал Бетис против Валенсија. Првите полуфинални мечеви се закажани за 6. февруари, а реваншите се на распоредот три седмици подоцна.



