понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Нови тренери за три екипи од англиската фудбалска лига

Епов Насе ✏️ Епов Насе
октомври 18, 2019
📁 Спорт, Фудбал

Во изминатиот период, три екипи од англиската фудбалска лига добија нови тренери – Рединг, Сандерленд и Лејтон Ориент.
Рединг пред десетина дена му врачи отказ на тренерот Жозе Гомес и експресно го најде и неговиот заменик. Станува збор за Марк Боувен – поранешен фудбалер и легенда на Норвич со 321 настап во дресот на „Канаринците”. Во својата тренерска кариера, беше асистент пред сè на Марк Хјуз како и на Стив Брус. Како член на тренерскиот штаб бил дел од повеќе екипи – Велс, Кристал Палас, Бирмингем, Блекбурн, Манчестер Сити, Фулам, КПР, Стоук и Саутемптон. На 21. август 2019 беше назначен за спортски директор на Рединг, за на 14. октомври да ја превземе својата прва соло тренерска улога во кариерата.

Сандерленд, после отказот на Џек Рос, за привремен тренер го назначи Џејмс Фаулер. Сепак, веднаш по завршувањето на репрезентативната пауза, за нов менаџер го назначија 51-годишниот Фил Паркинсон. Паркинсон, пред овој ангажман, беше тренер на Болтон, а во својата кариера ги има предводено тимовите на Бредфорд Сити, Чарлтон, Хал и Колчестер.
„Сите знаат дека амбициите на клуб како Сандерленд е да се избори промоција… Немаше да дојдам овде ако мислев дека нема да можам да го освојам тоа.. Промоцијата треба да биде амбиција. Ќе бидете луди доколку му се обратите на потенцијален тренер кој кажал дека ќе биде задоволен доколку клубот само избори добар пласман оваа сезона.” – самоуверено изјави Паркинсон на првата прес-конференција во новиот тим.

Лејтон Ориент не успеа добро да се снајде на тренреската позиција по смртта на Џастин Единбург – човекот кој го врати тимот од петтата во четвртата лига. За нов тренер е назначен Карл Флечер. Велшанецот претходно имаше само едно сениорско тренерско искуство – во Плимут од 2011 до 2013. После отказот од Плимут, потпиша договор како играч во Барнет. После играчката кариера, беше тренер на младинските категории на Барнмут.
„Од тоа што видов, можам да почнам со навистина добри луѓе и неколку добри играчи. Навистина гледам позитивно на овој предизвик.” – порача Флечер во врска со својата нова позиција.

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Освен новите тренери, еден клуб доби и нов сопственик. Членот на осмата лига, Илкестон Таун, сега е во сопственост на нивниот поранешен играч и тренер – Марк Клифорд.
„Ова е екстремно горд ден за мене и амбиција исполнета со 25 години фудбал. Во ова се впуштам со отворени очи имајќи во предвид дека има навистина напорна работа пред нас за да го развиеме тимот и да го подобриме стадионот.” – истакна Клифорд откако го превзема клубот од поранешниот претседател на Нотс Каунти, Алан Харди.

Tags: англијаЛејтон ОриентРедингСандерлендФудбал
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Тајсон Фјури пред ново искушение: Британецот ќе се испроба како кечер

Следна вест

МАКЕДОНЦИТЕ ДОМИНИРААТ – Koстески најдобар стрелец во Австрија, Митков на второто место

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

МАКЕДОНЦИТЕ ДОМИНИРААТ - Koстески најдобар стрелец во Австрија, Митков на второто место

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.