Во македонскиот дуел во Австриската лига Влатко Митков и неговиот Брегенц славеа со 26:31 против Линц на Никола Костески и Горан Крстевски.
Никола Костески со 9 голови (Линц) и Влатко Митков (Брегенц) со 8 голови беа убедливо најефикасни играчи на мечот и во нивните тимови. Вториот наш ракометар Горан Крстевски кој игра за Линц постигна 2 погодоци.
Костески и Митков по девет кола се најефикасни стрелци и во лигата. Никола Костески има 57 гола на првото место, а Влатко Митков 54 гола на втората позиција. 



