Повратникот во А репрезентацијата, Никола Ѓорѓев од швајцарски Грасхоперс вели дека треба да излеземе храбро на теренот против австријците и сите заедно како тим да ги завршиме квалификациите со што е можно подобар резултатат.
– Горд сум што пак сум дел од репрезентацијата. Задоволен сум од формата во која се наоѓам, одиграв петнаесетина натпревари, дадов неколку голови и асистенции. Добро се чувствувам и среќен сум што пак сум тука“.
– „Треба да излеземе храбро на теренот, сите заедно како тим и да ги завршиме квалификациите со што е можно подобрар резултатат. Знам дека не треба да се плашиме од Австрија, иако го знаеме нивниот квалитет, но и ние имаме добри фудбалери и ќе ја чекаме шансата. Ќе видиме како ќе изгледаме тактички, но треба да бидеме трпеливи и доколку ни се укаже шанса да ја искористиме максимално“, изјави Никола Ѓорѓев.



