На првенствениот бундеслигашки натпревар помеѓу Баерн Минхен и Штудгарт кој заврши со победа за домаќините од 4:1, навивачите на Баерн беа незадоволни од цената на билетите, па се одлучија да протестираат поради тоа.
Местото каде што е навивачката трибина билетот бил 30 евра, додека на Источната трибина билетот изнесува дури 130 евра и затоа во истакнатиот транспарент токму тоа е пораката на навивачите дека поскапувањето на влезниците не е во прилог на љубителите на фудбалот кои сакаат во живо да ги проследат натпреварите. Сега се очекува реакцијата на раководството на клубот и постапувањето на барањето на своите фанови.



