По доаѓањето на Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона на почетокот имаше солидно претставување, но како што одминува времето, Лионел Меси се позиционира на плејмејкерската позиција во тимот и му ја одзема слободата и креативноста на таа позиција на бразилскиот фудбалер.
Освен тоа Кутињо во соблекувалната се однесувал како голема ѕвезда и не ги прифаќал критиките за неговата игра и сето тоа допринесува сите останати фудбалери во тимот да бидат против него и мислат дека клубот ќе има поголема компактност без Кутињо, па се очекува негов трансфер од Барселона веќе во наредниот летен преоден рок.



