По завршувањето на празниците и зимскиот одмор, во Македонија стартуваат зимските подготовки се со цел што поспремни да бидат екипите во пролетниот дел од сезоната.
Исто така и во Охрид младите таленти на ФК Еврофудбал 2 стартуваа со зимски подговки пред претстојната втора полусезона во детската лига.
Првиот дел од тренингот беше само запознавање со новите членови во тимот, а потоа сите заедно одработија полесен тренинг и одиграа на два гола помеѓу себе.
Овие млади дечиња напорно работаат и во нив има голем потенцијал кој што тренерскиот колектив во клубот ќе се обиде да го претвори во квалитет и создавање на врвни спортисти.



