Во натпревар од младинската лига на Македонија ракометарите на РК Охрид стигнаа до нова победа против тимот на РК Вардар од 34:23. Домаќините уште на самиот старт наметнаа свое темпо, па до полувреме стигнаа до високо водство од 14:6. Во вториот дел единствено гостите од Скопје намалија на 16:10, но потоа повторно Охриѓани додадоа гас за висока победа на крајот од дури 11 разлика 34:23.
Oва беше деветта победа на тимот на РК Охрид во деветтиот меч на младинската лига и се сигурни учесници на Фајнл Фор турнирот за младинци каде најверојатно ќе се најдат и тимовите на КЛ 7 Струга и Металург 2 кои имаат голема предност пред конкурентите во другата група. Останува нејасно кој ќе биде четвртиот патник на Ф4 турнирот. Дали тоа ќе биде тимот на РК Работнички или РК Струга останува да видиме во наредните кола.



