Веселин Вујовиќ продолжува со комплетирањето и реновирањето на новиот лик на Железничар Ниш пред продолжението на српската лига како и регионалната Сеха Гаспром лига. Популарниот Вујо ја засили голманската позиција со екс голманот на Металург искусниот 37-годишен Мирослав Коциќ.
Голманот во својата кариера има настапувано уште за: Војводина, Металург, Бешикташ, Темишвар, а сега се враќа во својот некогаш клуб од Ниш, Во својата богата кариера Коциќ бранеше и за националниот тим на Србија.



