Милвол и Нотингем го отворија 20. коло од овогодинешниот Чемпионшип во „дувлото” пред 13 000 гледачи. Екипата предводена од Гери Роует на пауза замина со позитива од 1-0 откако во 15. минута стрелаше Вилијамс. Клучниот момент за Нотингем беше 62. минута кога во игра влезе Луис Грабан. Англичанецот го израмни резултатот после само една минута, а во 88. минута го постигна и својот втор погодок на натпреварот. Откако се чинеше дека бодовите ќе отидат во Нотингем, на сцена стапи Ејден О’Браен кој израмни на 2-2 во втората минута од судиското продолжение.



