Вал Торенс беше домаќин на најдобрите фристајл скијачи што се натпреваруваа во дисциплината ски-крос. Во женска конкуренција славеше Швајцарката Фани Смит пред фаворизираната Сандра Неслунд. Куртни Хофос и Индиа Шерет учествуваа во големото финале, но не се искачија на највисоките места на пиедесталот. Ова беше 20. победа во светскиот куп за Смит. Од домашните скијачки, најдобра беше Мариел Бергер Сабател на седмата позиција.
Во машката конкуренција, после исклучително неизвесно финале, по прв пат славеше Кристофор Малер пред Французите Бастиен Мидол и Жан Фредерик Шапуи. Четвртата позиција ја завзема Јос Бери кој доживеа пад на средината од финалето.
„Се чувствувам одлично после оваа победа и после двете години проследени со многу повреди. Освен физичка, ова беше и ментална борба” – изјави Малер после трката.



