Македонија вечерва од 20.45 часот во Варшава го игра квалификацискиот натпревар против лидерот во групата, репрезентацијата на Полска. Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски поради повреда на задната ложа не е во комбинација за настап против Полска. Поради повреда вечерашниов натпревар го пропуштаат уште и Дарко Велковски и Енис Барди.



