Екипата на Стружанка загуби дома од фаворитот тимот на Металург од Скопје со 18-25 (полувреме 10-15).
Домаќинот лошо го отвори мечот и уште на стартот гостите поведоа со 2-9. До полувреме Стружанка успеа малку да ги консолидира редовите и да замине на пауза со негатива од 10-15.
Во вториот дел избраничките на Паноски започнаа поагресивно во одбрана и со помош на неколкуте одбрани на Митоска успеаја да се вратат во игра и да намалат на 15-17.
Но во тој момент на сцена стапи нејзината колешка на спротивната страна Илјаз Амра која со неколку одлични одбрани и успешно фрлени контранапади во последните десетина минути успеа повторно да донесе предност и победа за Металург од конечни 18-25.
СТРУЖАНКА – МЕТАЛУРГ 18-25 (полувреме 10-15)
СТРУЖАНКА: Mитоска, Ристоска, Калајџиевска, Јовичинац 5, Голабоска, Маркоска 3, Дукоска 2, Переска, Домазетоска, Јоноска, Затуроска 2, Ѓоршулеска, Балоска, Петреска, Делиоска 6, Јусуфи.
МЕТАЛУРГ: Илјаз, Гугуљанова, Гулицоска 2, Тасевска 4, Смајлоска 2, Арсениевска, Алексоска, Дамчевска 2, Калајџиевска 8, Божиновска 2, Граматова 1, Стефановска, Петковска 4, Паскал.



