УЕФА ќе добие спонзорски пакет за ЕП 2020 од околу една милијарда евра. Овие пари дел ќе бидат префрлени за репрезентациите кои ќе бидат пласирани на континенталното првенство.
Секоја една репрезентација која ќе се пласира на ЕП 2020 ќе добие 9.25 милиони евра, за секоја победа во групна фаза ќе се добиваат дополнителни 1.5 милиони евра, за реми 750.000 евра.
За палсман во 1/8 финале ќе се добиваат 2 милиони евра, за 1/4 финале дополнителни 3.25 милиони евра. Пласман во полуфинале ќе носи 5 милиони евра, а европскиот шампион ќе добие 10 милиони евра.



