Македонија за прв пат едни квалификации за европско првенство ги започнува успешно и на доминантен начин успева да совлада противник. Во рамките на Групата Г за ЕУРО 2020 во Скопје Македонија триумфира против Летонија со сигурни 3:1 за премиерни бодови. Во истата група во дербито помеѓу Австрија и Полска, гостите со единствениот гол на резервистот Пјатек дојдоа до минимална победа, додека Израел и Словенија ремизираа во нивниот меѓусебен дуел.
По првото коло Македонија завршува прва со три бода исто колку што има Полска која е на втората позиција, додека третото место го делат Израел и Словенија со по еден освоен бод, а Австрија има нула бодови и е на петто место и на последната позиција е Летонија без освоени бодови. Во следното коло Македонија и гостува на Словенија, Полска дома игра против Летонија, а Израел на домашен терен ја пречекува репрезентацијата на Австрија.



