Во последниот натпревар од 1/4 финалето помеѓу Челзи и ПСЖ во рамките на Лига шампиони за жени, фудбалерките на Челзи дојдоа до рутинска победа од 2:0 со головите на Блундел во 73 минута и конечните 2:0 ги постави Катберт во 88 минута.
Фудбалерките на Челзи пред реваншот во Франција имаат солидна предност која може да ги одведе во полуфиналето во најелитното европско натпреварување во клупски фудбал за жени. Освен тоа англискиот тим има фантастична статистика каде што сеуште немааат примено гол, а имаат постигнато вкупно 19 гола во Лига шампиони оваа сезона.
Видео: Челзи 2 – 0 ПСЖ



