Називот „дерби на колото” во англискиот Чемпионшип го доби дуелот помеѓу Шефилд Венздеј и Лидс имајќи во предвид дека овие две екипи се наоѓаат на втората и третата позиција на табелата. Освен позицијата на табелата, ривалството помеѓу Лидс и Венздеј е разгорено и со близината на двата града еден до друг. И двете екипи влегоа во дуелот со променлива форма, а на теренот покажаа солидна игра што на крајот, сепак, не беше крунисана со гол. Натпреварот заврши 0-0 – резултат што не му одговараше на никој бидејќи со победи на најблиските конкуренти и двата тима ќе изгубат позиции на табелата.
Нашиот интернационалец, Езѓан Алиоски, на теренот ги одигра сите 90 минути.



