Легендарниот Винс Картер потпиша нов едногодишен договор со Атланта Хоукс и со тоа покажува дека сеуште е ,,гладен” за врвна кошарка и ќе настапи во својата 22-ра НБА сезона. ,,Јастребите” сеуште имаат доверба и потреба од услугите на 42-годишниот Картер кој кога ќе започне сезоната ќе има можност да запише нови рекорди зад своето име.



