Следното Европско одбојкарско првенство е за две години, а квалификациите за истото се во август наредна година и затоа не треба да жалиме или да тагуваме, македонските одбојкари беа дебитанти на ова првенство и се прикажаа во одлично светло.
Ги прикажаа своите квалитети и за прв пат во историјата ги постигнаа првите поени, сетови и победи, па ако се оди во најдобар правец ние повторно ќе се пласираме на едно континентално првенство и тогаш веќе ќе размислуваме и за пласман на едно историско 1/8 финале.
Овие одбојкарски репрезентативци имаа одличен настап и собраа големо искуство и покажаа како се бранат репрезентативните бои. Без разлика на исходот тие се наши победници и на сите одржаа спортска лекција во нашата земја дека треба и мора да се има подршка за сите наши национални селекции.



