После точно 27 години, се снима ново продолжение на едно од најпопуларните и најуспешните детски серијали од деведесеттите години, забавно-музичкото шоу „Дајте Музика“. Автори се Лазар и Цаци Паковски и веќе се снимаат нови 30 епизоди.
Новите 30 продолженија од серијалот имаат за цел преку забава да ги поттикнат традиционалните семејни вредности низ призмата на една нова модерна генерација на детски идоли кои ги почитуваат вистинските вредности: добро однесување, здрави навики, искреност, одговорност, вистинско другарство и емпатија.



