Женската кадетска репрезентација на Македонија успешно ги одработува подготовките во Маврово како подготовка за претстојниот ЕХФ W17 2019 Шампионат во Италија. Во среда се очекува да се комплетира тимот со петте ракометарки кои настапуваа за младинската репрезентација на шампионатот во Литванија.
Од четврток репрезентацијата се сели во Скопје каде за време на викендот е планирано да се одиграат два пријателски натпревари против соодветната репрезентација на Бугарија. 



