Денеска свој репрезентативен собир има женската А репрезентација во пресрет на квалификацискиот натпревар на гости со Србија, кој ќе се одигра на 6 март 2020 година со почеток во 18.00 часот во Лазаревац, Србија, а потоа и дуелот против топ фаворитот Франција.
Во националниот тим Изов ги изостави неколку квалитетни фудбалерки како Драгана Костова, Ленче Андреевска, Анeтa Ѓорѓиева како и поради повреда во состав ги нема повредените интернационалките Маја Ангеловска и Ели Јаковска.
,,После неколкумесечната пауза без квалификациски натпревари, нѐ очекува натпревар на гостински терен против најдобрата репрезентација на Србија. Добро го познаваме противникот, анализирани се грешките од октомврискиот дуел во Скопје и сите сме силно мотивирани да одиграме многу подобар натпревар во Лазаревац. Иако не сме комплетни – поради повреди Ели Јаковска и Маја Ангеловска нема да можат да ни помогнат, искрено се надевам дека сите други повикани фудбалерки ќе го дадат максимумот со што ќе можеже да се избориме за позитивен резултат против силниот противник“. – изјави селекторот Кирил Изов.
Изов ги повика следниве репрезентативки:
Викторија Панчурова (ЖФК Тиверија), Александра Ристовска (ЖФК Тиверија), Ане Бошеска (ЖФК Тиверија), Теодора Димоска (ЖФК Тиверија), Ивана Николова (ЖФК Тиверија), Суарта Речи (ЖФК АСС Јунајтед), Улза Максути (ЖФК АСС Јунајтед), Магдалена Лекоска (ЖФК СЦ Истатов), Јана Чубриноска (ЖФК Деспина), Катерина Милеска (ЖФК Деспина), Рабија Дервиши (ЖФК Каменица САСА), Павлинка Николовска (ЖФК Каменица САСА), Марјана Нацева (ЖФК Каменица САСА), Христина Јошевска (ЖФК Каменица САСА), Хава Мустафа (ЖФК Шкендија), Елма Шемсовиќ (ЖФК Драгон 2014), Наташа Андонова (Леванте-Шпанија), Гентијана Рочи (Купс-Финска), Јулија Живиќ (Неа Саламаниа-Кипар), Романа Трајковска (Раперсвил Јона-Швајцарија).
Извор и фото: http://ffm.mk/



