Само што започна првото коло од втората полусезона во Прва ЖФЛ или 14 првенствено коло во Радовиш домашната јавност со победа и три бода ја израдуваа фудбалерките на ЖФК Плачковица кои што во возбудлив и ефикасен натпревар дојдоа до минимална победа над ЖФК Атлетико од Битола со резултат од 3:2.
Стрелци на головите и воедно за победа ги постигнаа Зорица Анастасов која на два пати успешно стрелаше во противничката мрежа и еден гол го постигна Ивона Стојкова.



