понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

Запознајте ги популарните ,,Тигри” или Хал Сити АФК

Подготвил: Eпов Насе

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јули 12, 2019
📁 Фудбал
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Хал Сити АФК е професионален фудбалски клуб што моментално игра во англиската втора лига (Чемпионшип). Нивните натпревари ги играат на КЦ Стадиум, а карактеристични се по своите портокалово-црни дресови од кадешто произлегува и прекарот ,,Тигри”.

Основање и рана историја:
Тимот е основан во 1904 година што за англиските стандарди е прилично касно. Тоа било последица од популарноста на рагбито во градот Хал што го потиснало фудбалот на второ место. Првиот натпревар Хал го одиграл против Нотс Каунти на 1 септември 1904 и ремизирал 2-2. Тоа бил пријателски натпревар затоа што Хал не ги исполнил нормите за влез во англиската фудбалска лига. Првиот компетитивен натпревар на Хал бил во рамките на ФА Купот против Стоктон кадешто по ремито на домашен терен од 3-3, на гости биле поразени со 4-1. После 44 одиграни натпревари, Хал конечно станал член на англиската фудбалска лига во сезоната 1905/06. Тимот бил сместен во втората дивизија и во сезоните пред првата светска војна константно се наоѓал во горниот дел од табелата, но без промоција. Рекорно достигнување му било освојувањето на третото место имајќи ист број на поени со второпласираниот Олдам Атлетик, но послаба гол-разлика. После војната, Хал бележел слаби резултати, пред сè во долниот дел од табелата за на крај да биде релегиран во третата лига во 1930.
Истата таа година, Хал го остварил своето рекордно достигнување до тогаш елиминирајќи ги Манчестер Јунајтед и Њукасл од ФА Купот и стигнал до полуфиналето кадешто бил поразен од Арсенал. Во наредните сезони тимот постојано „се шетал” помеѓу втората и третата лига.

Втората половина на XX век
Во 1970, Хал Сити станал првиот клуб што бил елиминиран на пенали од едно куп натпреварување. Тоа се случило на мечот против Манчестер Јунајтед во полуфиналето на тогашниот Ватни Куп. Во осмата деценија на минатиот век, тимот се натпреварувал во четвртата лига, но во 1983 повторно изборил промоција.
Во сезоната 1991/92, Хал завршил на 14. позиција во четвртата лига, но со тогашната реформација на дивизиите – бил промовиран во третата лига. Првата сезона едвај обезбедил опстанок, а наредните две сезони завршил на средината на табелата. Сепак, заради финансиски проблеми, Хал повторно бил релегиран во четвртата лига. Следувал период на лоши сезони и борба за опстанок.

XXI век
Во 2002 година, Хал почнал да ги игра своите натпревари на КЦ Стадиум, стадионот што сè уште е нивен дом и има капацитет од 25 400 седишта.
За само две сезони (2003/04 и 2004/05), Хал стигнал до втората англиска лига. Во 2007/08 ја освоил третата позиција што му обезбедувала плејоф за влез во Премиер Лигата. Хал во полуфиналето го победил Вотфорд, а во финалето бил поуспешен од Бристол Сити. За пет сезони, Хал се искачил од четвртата до првата дивизија што е трет најбрз учинок во историјата на англискиот фудбал.
„Тигрте” изборија опстанок во првата сезона во Премиер Лигата, но веднаш потоа, во наредната сезона, повторно се вратија во Чемпионшип.
Во 2012/13 завршиле на второто место во Чемпионшип што им гарантира влез во Премиер Лигата. Токму во наредната Премиер-лигашка сезона, Хал го оствари својот најголем успех – пласман во финалето на ФА Куп. Иако изгубија во финалето од Арсенал со 3-2 после продолженија, сепак портокалово-црните изборија пласман во квалификациите за Лига Европа. Во првата рунда го елиминираа тимот на Тренчин, а во втората тие беа елиминирани од белгиски Локерен.
Во сезоната 2014/15, Хал повторно беше релегиран и сè уште игра во Чемпионшип.

Промена на името !?
Во 2013, сопственикот на клубот – Асем Алам, изрази желба да го промени името на тимот од Хал Сити АФК во Хал Сити Тигерс заради маркетиншки причини. На оваа одлука, навивачите реагираа доста бурно и организираа маршови во знак на протест бидејќи кратенката АФК стои уште од самото основање на тимот.
Во 2014, англиската фудбалска федерација донесе одлука во корист на Асем Алам, но по организираниот референдум, одлуката беше поништена. На ова, Алам изјавил: Никогаш не сум бил фудбалски обожавател. И сè уште не сум. Јас сум само обожавател на општеството… Нема да инвестирам ниту денар во клубот, освен ако не добијам дозвола да го сменам името.
Во јули 2015, конечно беше донесена одлуката за Хал Сити АФК да си го задржи своето оригинално име.

Ривали:
Најголеми ривали на Хал се Лидс Јунајтед. Освен со Лидс, Хал има ривалство и со Шефилд Јунајтед.
Географски ривали на Хал, што се наоѓаат покрај естуарот на реката Хумбер се Гримсби и Сканторп. Дуелите помеѓу овие тимови го носат називот „Хумбер Дерби”.
Други понезначајни ривали на Хал се Јорк Сити и Линколн.

Рекорди и титули:
Освојувачи на второлигашкиот плејоф: 2007/08 и 2015/16
Освојувачи на трета лига: 1965/66
Финалисти на ФА Куп: 2013/14
Најмногу настапи: Енди Дејвидсон – 579 настапи
Најмногу голови: Крис Чилтон – 222 голови
Најголема победа: Хал 11-1 Карлајл (во 1939)
Најголем пораз: Вулверхемптон 8-0 Хал (во 1911)
Најмногу публика: 55 019 – против Манчестер Јунајтед во 1949
Најскап продаден играч: Шејн Лонг – 12,5 милиони фунти од Саутемптон
Најскап купен играч: Абел Ернандез – 9,5 милиони фунти од Палермо

ShareTweet
Претходна вест

Годинава по деветти пат “Д ФЕСТИВАЛ” од 12-ти до 14-ти јули во Дојран

Следна вест

СП во Крикет – Англија против Нов Зеланд во финале

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ
Фудбал

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Ное/2026
Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!
Фудбал

Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Ное/2026
Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!
Фудбал

Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Авг/2026
СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!
Фудбал

СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Авг/2026
Следна вест

СП во Крикет - Англија против Нов Зеланд во финале

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.