Откако вчера Нов Зеланд обезбеди финале, денес истото го направи и домаќинот Англија. Во Бирмингем ја совлада Австралија со 226/2 наспроти 223/10.
Во првиот ининг, удираа Австралијците и имаа очаен старт – после 7 оувери постигнаа 15/3 поени. На крајот успеаја да стигнат до бројка од 223 поени, но десетте викети на Англија ја прекинаа нивната низа после 48 оувери. Во вториот ининг, Англичаните удираа беспрекорно и го надминаа резултатот на противниците после само 32.1 оувер. Финалето ќе се одигра во недела со почеток од 11:30 часот.



