Шефот на стручниот штаб на ,,Романтичарите”, Жикица Тасевски поднесе неотповиклива оставка на клупата на Работнички по вчерашниот пораз во дербито против Вардар. Ова инаку е трет последоватен пораз за тимот, а Тасевски реши да поднесе оставка од морални причини и при тоа ја даде следнава изјава:
„Поднесов неотповиклива оставка поради за мене неприфатливата ситуација во која се наоѓа мојот клуб. Работев, посветено, искрено секогаш подготвен за стручна анализа и одговорност за сопствените дела. Резултатски не бевме најдобри тоа треба да го признаеме, а кој го познава денешниот фудбалски поредок тоа секако ќе го разбере. Сакам да се заблагодарам на претседателот Драган Поповски и на директорот Иван Поповски за довербата и условите за работа кои ни беа овозможени. Им посакувам на сите во клубот многу среќа во продолжението на првенството. Ќе бидам најсреќен ако моето заминување биде пресвртница кон нови успеси достојни за клуб каков што е Работнички!“,



